Г1 НАЈВИСОК РАНГ ТУРНИР (СВЕТСКИ КУП) ТУРНИР ВО ТАЕКВОНДО

Чекор блиску до олимпискиот сон: Македонците со два медали од „Грција Опен 2018“! (ФОТО)

Денеска беа освоени вкупна два медали во сениорска конкуренција и имаме наши натпреварувачи кои што можат наскоро да го остварат својот најголем спортски сон, учество на Олимпијада.

објавено: 19 октомври 2018 - 20:35

Дејан георгиевски во категоријата 87+ килограми дојде до златниот медал со две победи против натпреварувачи од Грција и САД.

А Филип Додевски во категоријата -87 кг. се закити со среброто, после победата над домашен грчки репрезентативец, а претрпе пораз во многу тесна борба од репрезентативец на Србија.

Од другите наши учесници после една солидна борба пораз на Коко Георгиевски од репрезентативец на САД кој подоцна дојде и до златото, а Иван Крстевски со 8:7 загуби од грчки натпреварувач.

Кругот за Токио се шири, со цело срце одиме на олимписка историја за Македонија. За в сабота е закажано дека ќе се борат тројца јуниори.

Најново во Други спортови