СИТЕ ГО ЧЕКАА ОВОЈ МОМЕНТ СО ГОЛЕМО НЕТРПЕНИЕ...

Целиот свет стравуваше од тоа, а вујкото на Хабиб ги тргна сите сомнежи

Рускиот борец и шампион во УФЦ категоријата Хабиб Нурмагомедов одбил повторно да се бори со Конор Мекгрегор.

објавено: 17 октомври 2018 - 08:00

Според зборовите на неговиот вујко, Алекс Нурмагомедов, Хабиб има желба да се бори со Тони Фергусон по што би заминал на еден подолг одмор.

И дека ниту 15.милиони долари не биле доволни Мегрегор да го убеди Нурмагомедов на реванш.

„Хабиб нема да се бори за никакви пари... Во почетокот му нудеа 15.милони долари, но тој го одби тоа. Конор нека застане во редот и нека се бори со останатите "- рече Алекс Нурмагомедов.

Хабиб со нокаут го совлада Ирецот во четвртата рунда од борбата во Лас Вегас по која настана општ хаос во рингот, но и надвор од него.
Пред неколку дена, Тони Фергусон со технички нокаут го победи Ентони Петис, и покажа дека со причина сака да се бори против Хабиб Нурмагомедов.

„Борбата со Фергусон ја планираме за пролет. После тоа Хабиб ќе замине во пензија"- заклучува вујкото на познатиот борец и шампион од Дагестан.

Инаку, за неколку дена ќе се состане комисијата на УФЦ која ќе одлучи за тоа колкава суспензија или казна ќе добие рускиот борач.
Доколку не биде во можност повеќе да се бори во „октагонот", најверојатно Хабиб ќе се префрли во рингот, и ќе боксува против Флојд Мејведер.

 

Најново во Други спортови