ГЛЕДАЧИТЕ НЕ МОЖЕА ДА ПОВЕРУВААТ, ПРИЧИНИТЕ СЕ БИЗАРНИ

Боксер после една секунда го напушти рингот! (ВИДЕО)

Во американскиот Минеаполис гледачите можеа да „уживаат" во ретко видена ситуација.

објавено: 26 август 2018 - 16:50

Имено, американскиот боксер Куртис Харпер најпрвин се поздрави со својот противник Ефео Ајагбо од Нигерија кој пред две години настапуваше на Олимпијадата во Рио.

Откако се означи почетокот на мечот, веднаш после една секунда Харпер излезе од рингот, по што следуваше дисквалификација, а најверојатно ќе следи и суспензија.

Според информациите Американецот го напуштил рингот, бидејќи не бил задоволен од сумата која што требал да ја добие од оваа борба и барал поголема почит.

Најново во Други спортови