Гејмерите сакаат на Олимпијада

Бах: На ЛОИ нема место за видео игри со убивање!

Во рамките на Азиските Игри 2018 во Индонезија промотивно беа вклучени шест видео игри.

објавено: 3 септември 2018 - 18:30

Веќе извесно време се води кампања за прием на т.н. eSports во рамките на Летните олимписки игри. Се отиде дури дотаму, овие електронски спортови да бидат демонстративно вметнати и во годинешното издание на Азиските Игри.

Сепак, првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах, вели дека не е ни време, ни место, сега да се разговара за проширување на олимписката програма. Германецот одговараше пред новинарите во Азија, кои се најзагреани за влез на електронските спортови на Игрите.

„Во олимписката програма не можеме да имаме игри кои промовираат насилство или дискриминација. Овде мислам на се популарните игри со „убивање". Тие, според наше мислење, се контрадикторни со олимписките вредности и, според тоа, не можат да бидат прифатени. Понатаму ќе разговараме и на тема eSports", изјавил Бах.

Во рамките на Азиските Игри 2018 во Индонезија промотивно беа вклучени шест видео игри како: League of Legends, Arena of Valor, Clash Royale, Hearthstone, Pro Evolution Soccer и Starcraft II. Во следното издание на Азиските игри во Хангжу, електронските спортови најверојатно ќе влезат и во официјалната програма.

Најново во Други спортови