Одбојкарите остануваат под иста палка

Жарко Ристоски останува селектор на Македонија

објавено: 7 март 2014 - 18:38

Селекторот на одбојкарите, Жарко Ристоски, останува на селекторското столче на машката одбојкарска репрезентација на Македонија.

Човекот кој ги водеше нашите одбојкари низ квалификациите за СП кои се одржаа во Ниш, ќе остане на селекторското столче и во наредниот период. Оваа информација, ја потврдија од одбојкарската федерација на Македонија од каде, велат дека иако дожиеавме елиминација, нема причина да се смени Ристоски затоа што националниот тим, одиграл на ниво низ квалификацискиот циклус.

Покрај веста за останувањето на Ристоски, од федерацијата, информираа дека град-домаќин на квалификациите за ЕП, каде нашата земја е во група со Азербејџан, Грузија и Шведска, ќе биде Струмица а мечевите, ќе се играат во салата „Градски Парк“.

Најново во Други спортови