ВТОРО КОЛО ОД ОДБОЈКАРСКОТО ПРВЕНСТВО

Струмичани убедливо го добија дербито со Вардар

Три екипи имаат максимален биланс по две одиграни кола на стартот од новата одбојкарска сезона во Првата лига за мажи.

објавено: 12 ноември 2018 - 16:20

Викендов, екипата на Џио Струмица обезбеди уште една убедлива победа, овој пат совладувајќи го тимот на Вардар, кој минатата сезона беше голем ривал на Струмичани.

Според реномето на екипите ова беше дерби на отворањето на сезоната, но резултатски не мина така. Струмичани го прегазија составот на Вардар со убедливи 3:0, препуштајќи им само 44 поени во трите сета. Шесткратниот освојувач на шампионскиот пехар тргна силно во сезоната, а на младиот состав на Вардар е да докаже и напредува.

Во локалното дерби, Весна Пробиштип не дозволи изненадување против екипата на УГД Студент и вторпат славеше без загубен сет. Дебитантот Јанта волеј се израдува на првиот освоен сет во шампионатот, но не успеа да избегне пораз во пресметката со Лирија. Староседелецот во Првата лига ја оствари втората првенствена победа, уште еднаш на гостински терен. Во Дебар, пак, искусниот тим на Универзитетот Тетово обезбеди убедлив триумф против дебитантот во лигата, Дибра волеј. 

Максимален успех имаше и Шутова, која го пречека тимот на Борец и го совлада во три сета. Шутова најави дека може да биде во вториот квалитативен ешалон екипи сезонава, а со тоа да конкурира за место во првата шестка.

РЕЗУЛТАТИ - 2. КОЛО

„Џио Струмица" – „Вардар" 3:0 (25:16, 25:15, 25:13)

„Весна Пробиштип" – „УГД Студент" 3:0 (25:22, 25:16, 25:16)

„Јанта волеј" – „Лирија" 2:3 (25:17, 13:25, 20:25, 25:18, 9:15)

„Дибра волеј" – „Универзитет во Тетово" 0:3 (14:25, 13:25, 12:25)

„Шутова" – ГОК „Борец" 3:0 (25:12, 25:13, 25:18)

Најново во Други спортови