ОДБОЈКАРИТЕ УТРИНАВА ЗАМИНАА ЗА УНГАРИЈА

СТАРТ НА МИСИЈАТА „ЕП 2019": Со Милков кон Будимпешта

Македонската одбојкарска репрезентација во полн состав отпатува за Будимпешта каде утре попладне, 17:45 часот против Унгарија ги отвора квалификациите за пласман на ЕП 2019

објавено: 14 август 2018 - 11:30

Походот кон историја машката одбојкарска репрезентација на Македонија го започна изутринава, со лет за Будимпешта.

Селекторот Никола Матијашевиќ ќе располага со полн состав утре попладне, кога во 17:45 часот против Унгарија Македонија ќе ги отвори квалификациите за пласман на ЕП 2019.

Искусниот Александар Милков отпатува со тимот откако на последниот тренинг вчера во Скопје без проблеми и се приклучи на екипата, по паузата поради проблеми со десното колено.

Промени во составот за разлика од Европската лига има во организаторите на играта, каде на местото на Марко Јуниот Стошиќ сега е повратникот Филип Деспотовски, додека на позицијата среден блокер имаме само две опции Филип Маџунков и Славе Наков.

СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
ТЕХНИЧАРИ: Ѓорѓи Ѓоргиев (ММ Пјанго), Филип Деспотовски (Аркада Галаци)
КОРЕКТОРИ: Никола Ѓоргиев (Онико), Марјан Урдов (Ерзени)
ПРИМАЧИ: Владо Милев (ВРЦК), Александар Милков (Сент Квентин), Александар Љафтов (Хебар), Иван Андонов (Весна – Пробиштип)
СРЕДНИ БЛОКЕРИ: Филип Маџунков (Јединство), Славе Наков (Струмица)
ЛИБЕРО: Дарко Ангеловски (Вардар), Васе Михаилов (Струмица)

 

Најново во Други спортови