ВТОР ПОРАЗ ЗА ОДБОЈКАРИТЕ ВО СРЕБРЕНАТА ЛИГА НА ЕВРОПА

ПАДНА И „КАЛЕ": Австријците ни ја земаа мерката!

Машката одбојкарска селекција на Македонија го одигра својот трет меч од Сребрената зона на Европската лига. Пред своите гледачи во салата на СРЦ „Кале", нашиот национален тим загуби од селекцијата на Австрија со (3:1) по сетови (18-25; 25-22; 20-25; 31-33).

објавено: 27 мај 2018 - 22:35

Машката одбојкарска селекција на Македонија го одигра својот трет меч од Сребрената зона на Европската лига.
Пред своите гледачи во салата на СРЦ „Кале", нашиот национален тим е поразен од селекцијата на Австрија со (3:1) по сетови беше (18-25; 25-22; 20-25; 31-33).
Ова е втор по ред пораз за нашите најдобри одбојкари во ова натпреварување. Го загубивме премногу лесно првиот сет. Лошо почнавме против Австријците, (18:25), но работите избраниците на селекторот Травица ги исправија во вториот кој го реализиравме со (25:22). Откако гостите го добија третиот (25:20), бевме максимално рамноправни во наредниот.
На средината од четвртиот дел имавме нерешен резултат (16:16). Поведовме и со (17:16), во тој дел од играта на дуелот во „Кале". Мечот отиде и во „продолжение“, во кое Македонија имаше нерешено (31:31)  

Претходно го победивме Косово, а загубивме против селекцијата на Летонија.
По три одиграни кола во групата „А" од ова натпреварување, Летонија води со максимален ефект, односно три победи во исто толку мечеви Австрија а втора со скор (2-1), а Македонија е на третото место (1-2). Без успех засега е само селекцијата на Косово (0-3).
Во истото натпреварување, н во групата „Б", селекцијата на Хрватска е апсолутен лидер со три максимални победи пред Белорусија (2-1), Албанија (1-2) и Унгарија (0-3).

Најново во Други спортови