Македонската одбојкарска репрезентација утринава замина за Тарагона, каде од 22 јуни до 1 јули ќе се одржат Медитеранските игри. На ова натпреварување нашата земја ќе ја претставуваат 71 спортист, кои ќе настапат во 15 спортови.
Одбојкарите први ќе настапат, на 22 јуни (12:30) играат против Египет, додека следниот ден силите ќе ги одмерат со Шпанија.