РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ КОЈ НАСТАПУВА ВО УНГАРИЈА ДЕЦИДЕН

МИЛЕВ: Првиот удар да биде најсилен

„Потребен ни е добар сервис, да ги оддалечиме од мрежата. Тоа ќе ни помогне многу и ќе играме лесно. Немаат играчи кои на расеан прием можат да одиграат добро и ако првиот удар биде силен ќе го оствариме посакуваниот резултат", потенцира Милев пред првиот квалификациски меч со Унгарија, попладнево, 17:45 часот.

објавено: 15 август 2018 - 12:30

Походот кон историски пласман на Европското првенство 2019 машката одбојкарска репрезентација на Македонија го започнува од Будимпешта, попладнево, 17:45 часот, кога ќе се соочи со Унгарија, првиот ривал во квалификациската група Ф.

Македонскиот репрезентативец кој настапува во унгарското првенство, Владо Милев е играч кој најдобро ги познава квалитетите на противникот со кој Македонија не се сретнала повеќе од две децении.

„Првиот меч во Будимпешта е прв чекор кон целта. Унгарија не е на ниво кое не можеме да го совладаме. Имаат добри индивидуалци, но како екипа не функционираат добро. Тимот им е склоп на млади играчи и интернационалци, кои се многу квалитетни. Имаат двајца повратници, искусни одбојкари, кои значат многу во примачката дијагонала. Верувам дека Унгарија ќе понуди подобро светло од она во Европската лига, но, гледајќи ја нивната екипа подобри и поподготвени сме во моментов и со добра игра ќе го оствариме тоа.
Потребен ни е добар сервис, да ги оддалечиме од мрежата. Тоа ќе ни помогне многу и ќе играме лесно. Немаат играчи кои на расеан прием можат да одиграат добро и ако првиот удар биде силен ќе го оствариме посакуваниот резултат", потенцира Милев.

 

 

Најново во Други спортови