ЛЕТОВО МАЏУНКОВ ГО НАПУШТИ ЦРНОГОРСКИОТ ШАМПИОН

Македонскиот репрезентативец Андонов го засили Јединство

Филип Маџунков летово си замина од Јединство, но во новата сезона доаѓа нов македонски репрезентатативец.

објавено: 2 септември 2018 - 12:20

Нов член на црногорскиот шампион е Иван Андонов кој настапи изминатиот месец на првите четири натпревари за нашата репрезентација во квалификациите за ЕП.

Андонов има 28 години, игра на позицијата среден блокер, а во минатото настапувал и на позицијата коректор.

Тој е третото засилување на Јединство Бемакс за наредната сезона. Пред него дојдоа српскиот техничар Неѓељко Радовиќ и поранешниот црногорски репрезентативец, коректорот Вук Меденица.

Освен Маџунков, тимот го напуштија уште техничарот Страхиња Кубуровиќ и коректорот Јован Делиќ.

Најново во Други спортови