СП ВО ОДБОЈКА (ЖЕНИ)

Холандија ги елиминираше светските шампионки од САД

„Лалињата“ заедно со Кина се први патници во полуфиналето на светското првенство за жени во Јапонија.

објавено: 15 октомври 2018 - 14:40

Женската одбојкарска репрезентација на Холандија стигна до драматична победа со 3:2 (30:32, 15:25, 25:22, 25:15, 15:9) над бранителките на светската одбојкарска круна, селекцијата на САД и обезбеди пласман во полуфиналето на светското првенство во Јапонија.

Овој пораз значеше и крај за надежите на Американките за пласман меѓу четирите најдобри и продолжение до одбраната на трофејот од пред 4 години. Американките загубија и на првиот меч од оваа трета фаза на првенството од селекцијата на Кина и веќе немаат никакви шанси за продолжение во првенството.

Првото место во групата ќе биде одлучено во вторник во директната пресметка меѓу Холандија и Кина. Во втората група денеска играат Италија и Јапонија, кои заедно со Србија се борат за две места кои водат во полуфиналето.

Најново во Други спортови