ЗАПОЧНА УСПЕШНО МИСИЈАТА „ЕП 2019“

БРАВО МАКЕДОНЦИ: „Златни“ 42 поени на Ѓоргиев за голем триумф над Унгарија!

Во полн состав отпатува македонската одбојкарска репрезентација за Будимпешта каде што денеска и официјално го отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2019.

објавено: 15 август 2018 - 20:29

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ во првиот натпревар на гостувањето со 3:2 славеа голема победа над Унгарија (23:25, 23:25, 25:23, 25:24, 14:16).

Првите два сета ги освоија најдобрите македонски одбојкари со идентично со 25:23. Интересен беше податокот што со истиот резултат завршија и третиот сет и четвртиот сет кога не само што намалија, туку и израмнија Унгарците на 2:2.

Победникот се реши во последниот петти сет, започнавме со поен на Н. Ѓоргиев, а потоа и 2:0 откако Падар погоди во аут. Андонов сервираше во аут, за него тоа беше четврта сервис грешка, но возвратија и Унгарција за 3:1 на семафорот.

Ѓоргиев во мрежа на негов сервис, но се поправи за одржување на позитивата (4:2). Ривалите немаа решение за нашиот најдобар одбојкар кој дојде до нов поен за 5:3, а со 8:6 се замина при промена на страните.

Се одеше кон посакуваниот триумф, Падар во „аут" за 9:7, а му се реваншираше Ѓоргиев. Се наредија ваквите сервис грешки, но, се до сервисот на Сабо кој имаше среќа, топката од мрежата во нашето поле за израмнување 10:10.

Поради допир на мрежа се вративме во позитива, Ѓоргиев имаше за плус два, но удри топката во сајла. Ѓоргиев беше незапирлив на секој дел од теренот, а следуваше нов егал од Немет.

Неизвесноста се ближеше кон самиот крај, имавме меч топка после расположениот капитен Ѓоргиев (14:13). Падар повторно имаше сервис грешка, на 15:14 во втората меч топка сервираше Ѓоргиев, токму истиот донесе златна победа со 42. поен и конечни 16:14 во петтиот сет и прв голем и важен триумф во Будимпешта на патот кон Европското првенство.

На крајот севкупно Никола Ѓоргиев имаше 42 поени (40 од напад, еден од блок и ас), следен од Александар Љафтов со 17 поени (15 од напад, два од блок). На спротивната страна Кристиан Падар имаше 19 поени (17 од напад, два од блок).

Претходно во квалификациската група Ф, селекцијата на Украина со 3:0 на домашен терен убедливо (25:16, 25:16, 25:20) славеше против Швајцарија.

На 18. август (сабота, 20:30 ч.) токму украинските одбојкари во следното коло ќе гостуваат на дуелот против Македонија.

Најново во Други спортови