НАЈДОБРОТО ЛИБЕРО НА Ф4 ТУРНИРОТ ВО СКОПЈЕ

АНГЕЛОВСКИ: Би ја менувал наградата само за злато!

Македонскиот репрезентативец Дарко Ангеловски премиерно се најде во едно дрим-тим друштво, она на Ф4 турнирот од Сребрената Европска лига во Скопје.

објавено: 17 јуни 2018 - 15:30

Македонскиот репрезентативец Дарко Ангеловски беше прогласен за најдобро либеро на Ф4 турнирот од Сребрената Европска лига која викендов се одржа во Скопје.

За либерото ова е премиерна индивидуална награда, односно на биде во едно дрим-тим друштво.

„Прво вакво признание, кое навистина годи и е мотив за понатаму. Бев изненаден, ова е голема лична сатисфакција. Но, ако можев да го заменам, би го менувал единствено за златен медал“, коментира Дарко Ангеловски и додава: „Навистина имавме преголема желба и мотив да го кренеме пехарот во Скопје. Сите од прв до последен жалиме што не ја искористивме оваа шанса.“

 

Македонија на четвртото место го заврши настапот во Сребрената Европска лига 2018.

Ф4 ДРИМ-ТИМ

Примачи: Андреј Радук (Белорусија) и Даниел Галиќ (Хрватска)

Средни блокери: Сергеј Бусел (Белорусија) и Иван Михаљ (Хрватска)

Лидеро: Дарко Ангеловски (Македонија)

Техничар: Денис Петровс (Белорусија)

Коректор и МВП: Лео Андриќ (Хрватска)

Најново во Други спортови