СТАРТОТ Е В НЕДЕЛА НА СРЕДНО ВОДНО

Очекуваме квалитетно Европско атлетско првенство во Скопје (Видео)

Македонија за прв пат доби доверба да организира Европско атлетско првенство во Планинско трчање во Скопје.

објавено: 30 јуни 2018 - 19:47

Огромно задоволство, истовремено и предизвик е за Атлетската федерација на Македонија и љубителите на атлетскиот спорт што ЕАА ни ја довери организацијата на 17. Европско првенство во планинско трчање.

„Ќе настапат 29 европски држави, позначајни се: Хрватска, Словенија, Украина, Италија, Шпанија, Португалија, Турција, Чешка, Велика Британија, Франција, се разбира и Македонија со вкупно 255 атлетичари звучни европски и светски имиња.

Локалниот Организационен комитет при АФМ вложи голем труд, знаење, сила и моќ за да ги надмине Европските стандарди и сопствените очекувања за исклучително квалитетна организација.
Затоа веруваме натпреварувачите ќе бидат воодушевени од убавината и квалитетната организација, а волонтерите и овој пат со нивната топла насмевка ќе го покажат гостопримството на нашиот народ", ни изјавија од Атлетската федерација на Македонија.

Самата масовност на ЕП со учество од скоро 30 држави и над 250 натпреварувачи е главен показател на популарноста на планинското трчање во Европа и пошироко.

Повик до сите вљубеници на атлетиката и спортот воопшто, како и планината Водно испрати нашата најдобра учесничка, маратонката Кираџиева, потенцирајќи дека на стартот на првенството закажан за в недела (1. јули) на средно Водно.

 

Најново во Други спортови