ОД ВКУПНО 83 НАТПРЕВАРУВАЧИ

Небиовски полуфиналист на Светското првенство во Италија

Македонскиот натпреварувач на СП за јуниори и сениори до 23 години, кое се одржува во Ивреа Италија, после првото возење со пласман на 30. место (време 91.06), обезбеди директен пласман во полуфиналните возења кои ќе се одржат в недела.

објавено: 20 јули 2018 - 16:45

Енис Небиовски во категоријата јуниори каде од вкупно 83 натпреварувачи имаше одличен настап, иако имаше четири казнени секунди беше доволно брз да го обезбеди пласманот во полуфиналето уште во првото возење.

Полуфиналните возења се возат во недела каде 40 натпреварувачи во неговата категорија ќе се борат за пласман во финалето каде ќе настапат само најдобрите 10.

Земајќи во предвид дека имаше четири казнени секунди односно допир на две капии тој во квалификациите ќе го завземеше 17 место. На СП заедно со Небиовски се уште водачот на екипата, Димче Стефановски и тренерот Атанас Николовски.

Најново во Други спортови