ДОДЕКА СЕУШТЕ ГЛАВНА ТЕМА Е БОРБАТА ХАБИБ-МЕКГРЕГОР

Најголемиот меч во ММА: Фјодор „екстремно“ спремен за Кро Коп! (ВИДЕО)

Големиот Фјодор Јемељаненко во полуфиналето на „Белатор Гран При" во првата рунда со технички нокаут го победи Сонен и се избори за тешкашко финале против Рајан Бадер.

објавено: 15 октомври 2018 - 17:30

„Последниот Цар" со изведбата потсети на старите денови на славата кога беше незапирлив. Тип на борец каков што дотогаш не е виден, демолираше се пред себе и непоразен го напушти јапонскиот „ПРАЈД".

Фјодор претставуваше култ, како што е денес по популарност Конор Мекгрегор, но сега тој статус во целост овие денови го има Хабиб Нурмагомедов.

Во време кога еден човек владееше со „ПРАЈД" и кога практично ништо освен тешка и полутешка категорија се следеше, Фјодор беше апсолутен владетел. Откако ја зема титулата од Минотауро, победуваше се по ред и до појавата на Мирко Филиповиќ не се мислеше дека некој ќе го запре.

Борбата меѓу Фјодор и Кро Коп беше најочекуваната во историјата. Во денешни рамки, тоа е неодамнешната борба меѓу Хабиб и Нурмагомедов. Битката меѓу Русинот и Хрватот сите со нетрпение ја чекаа, иако Фјодор неколку пати го избегнуваше Кро Коп, а овој пак неколку пати јавно го предизвикуваше.

Конечно дојде и таа борба на векот, на 28. август 2005. година загуби Кро Коп иако во првата рунда Хрватот беше одличен и скоро го имаше Фјодор, но во преостанатите две рунди Русинот доминираше и на крајот дојде до победата. Остана непоразен во Јапонија и со себе го понесе култниот мит, непобедливиот, „Последниот Цар".

Најново во Други спортови