ПОТВРДИ ФИНА

На 25 август ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон

Во рамките од ултрамаратонската пливачка серија, Светската пливачка федерација (ФИНА) го потврди одржувањето на Охридскиот маратон (32. по ред) кој ќе се одржи на 25. август (сабота).

објавено: 14 јули 2018 - 08:28

„Климе Савин" како трета трка од серијата (долга 25 километри), стартот е закажан од 12:00 часот на Св. Наум, а наградниот фонд е 15.000 долари.

Entry forms најдоцна да бидат испратени до 30ти јули 2018г на официјални email адреси, информираат од Пливачката федерација на Македонија.

Потсетување, на првата трка во Коронда Санта Фе (Аргентина), триумфираше домашниот натпреварувач Гиљермо Бертола, а нашиот најдобар Македонец, Евгениј Поп Ацев заврши како четвртопласиран, додека Александар Илиевски на осмата позиција.

Втората е планирана да се одржи во Ст. Жан (Канада) на 28. јули. 

Најново во Други спортови