МЕЧ КОЈ ТРАЕШЕ СКОРО 7 ЧАСА

МАРАТОН НА „ЏИНОВИ“: Андерсон прв финалист на Вимблдон! (Видео)

Го дознавме првиот учесник кој ќе се бори в недела за трофејот на Грен слем турнирот...

објавено: 13 јули 2018 - 20:56

Епска борба која траеше скоро седум часа, поточно 6 часа и 35 минути, Кевин Андерсон со резултат 3:2 го елиминираше Џон Изнер.

Најпрвин Јужноафриканецот го освои првиот сет со 7:6, во тај-брејкот триумфираше 8:6, а во иста мера во тај-брејк со 7:5 возврати Американецот за израмнување (1:1).

Изнер прави пресврт на ист начин, во третиот сет во тај-брејк со 11:9 дојде во водство од 2:1, а во единствениот четврти сет каде што немаше тај-брејк, Андерсон беше подобар со 6:4.

Како што вели правилото, нема тај-брејк во петтиот сет, верувале или не ниту еден од тенисерите не се предаваше, не го даваше својот сервис, плус гледачите сите беа возбудени, мракот паѓаше, сите во искушение, дали ќе има крај на мечот, дали евентуално истиот ќе продолжи утре овој маратон.

Сепак, на 24:24 „брејк" прави Андерсон за делириум на трибините, и во следниот сигурен со уште по неколку нови асови, кои што ги имаше во голем број на оваа пресметка, доаѓа до финалето на „Вимблдон".

Ова дефинитивно не е најдолгиот меч на Вимблдон, во 2010. година токму во кој учествуваше Изнер тогаш против Французинот Николас Махут во првото коло мечот траеше 11 часа и пет минути. Но,од друга страна е најдолгото полуфинале.

Во финалето Андерсон ќе игра против подобриот од второто полуфинале кое што сите исто така со нетрпение го чекаат Рафаел Надал-Новак Ѓоковиќ.

Најново во Други спортови