РАЗВОЈНИОТ КУП Е ШАНСА ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ НЕ СЕ ДЕЛ ОД СП

Македонските хокеари против Андора, Ирска и Португалија (ФОТО)

Нашата репрезентација во хокеј на мраз ќе настапи на Развојниот Куп 2018 во Фусен (Германија) во периодот од 19-21 ноември 2018 година.

објавено: 12 октомври 2018 - 22:00

Македонските хокеари ќе ги одмерат силите против селекциите на Андора, Ирска и Португалија. Ваквото натпреварување веќе се одржува втора година по ред, за него лично се иницира претседателот на ирската федерација во хокеј на мраз, Арон Гули и директорот за развој на играчите во мароканската хокеј федерација, Адил Ел Фарј.

Главната цел на ова натпреварување е да им се помогне на земјите кои не ги исполнуваат минималните стандарди за учество во регуларните ИИХФ Светски шампионати.

Ова е првиот чекор за ненатпреварувачките земји да ги покажат своите можности, структура и нивниот развој. Не е само натпреварување, туку и форум за секоја земја да соработува со домаќинот на турнирот.

Според распоредот, Македонија во првиот натпревар ќе игра против Ирска на 19. ноември, следниот ден ќе ги одмери силите со Андора, а на третиот против Португалија.

Полуфиналните борби се закажани за 20. ноември (второпласирана против третопласираната и првопласираната против четвртопласираната репрезентација), на 21. ноември е мечот за бронзениот медал, кога и ќе биде финалето за златото.

Најново во Други спортови