ПРАВИЛНАТА НАСОЧЕНОСТ И КООРДИНАЦИЈА ВОДАТ КОН УСПЕСИ

Мак-триатлонот носи врвни резултати, но бара и поголеми вложувања!

Ексклузивно за „Спортмедиа", Македонската Триатлон федерација предводена од претседателот Иван Михајловски.

објавено: 13 јули 2018 - 18:38

Првиот човек на овој спорт смета дека со правилна насоченост и координација на овие структури ќе се има добро организирани натпревари каде што децата кои тренираат триатлон под стручно водство на своите тренери ќе постигнат добри резултати.

„Затоа пред да го одржиме Националното првенство во Стење беше организиран Триатлон камп (по втор пат) за сите натпреварувачи од пет триатлон клуба од Македонија во младите категории кои се и репрезентативци на Македонската Триатлон федерација. Тренинзите и едукацијата ја водеа тренери од Триатлон клубот Триоџи-Скопје, а самиот камп беше субвенциониран од Македонскиот Олимписки комитет кој нè подржува во развојниот триатлон. Самиот камп заврши со Национално Триатлон првенство, но овојпат за наша несреќа во нај екстремни услови до сега (температура на вода 20с, а температура на воздух 9 степени) на 24 Јуни".

Покрај натпреварот во Сремска Митровица -Триатлон куп на Србија (по едно прво и второ место, и две трети места), следуваат следните натпревари на клупско ниво и како репрезентација:

-Отворено Триатлон првенство во Пловдив Бугарија на 5ти Август (клупски натпревар).
-Олимписки Триатлон Власинско Езеро -Србија на 5. Август, натпревар на кој сите Македонски триатлонци кои ќе настапат а имаат платено годишна чланарина спрема ТФМ ќе им биде подмирена котизацијата за натпреварот од наша страна. Самиот натпревар ќе се бодува за куп на Македонија во соработка со ШричинМои, организаторот на натпреварот.
-Триатлон Европски куп Тулчеа, Романија, репрезентативен настап на кадетската репрезентација и помладите категории на натпреварувачи 25-26 Август.
-Интернационален и едукативен камп од 20-28 Август во Лутраки, Грција каде на 1-2 Септеври ќе се одржи Европско Триатлон првенство во кадетска конкуренција.

-Балканско првенство и отворен Европски куп во Охрид на 15-16 Септември. Организација на Триатлон федерација на Македонија, локален организатор Асоциација на спортови-Спорт за сите, покровители Агенција за Млади и спорт, ОпштинаОхрид, Пелистерка.
-Семинар за Интернационални Триатлон судии прво ниво во склоп на Балканското триатлон првенство и Европски куп на 13-14 Септември.
-Семинар за Триатлон тренери прво ниво во Крагуевац, Србија на крајот на Септември учество на тројца тренери.
-Дуатлон натпревар Скопје Опен на 21. Октомври.

Колку сте задоволни од настапите досега на нашите учесници на меѓународната сцена...

„Задоволни сме со успесите на младите триатлонци и сметаме дека тоа е пред се заслуга на тренерите кои досега и во иднина ќе работат со нив правилно да ги насочат и тренираат да постигнуваат се подобри резултати, можеби и да ги надминат нивните досегашни успеси кога се натпреварувале".

Колку овој спорт може уште повеќе да биде промовиран за остварување на уште поголеми резултати, колку се вложува?

„Заинтересираноста е се поголема благодарение на ново отворените клубови и сметаме дека подршката наша е од големо значење. „Но", сепак постои секогаш тоа „Но" ...не е доволно, и сметаме дека државата треба да обрне повеќе внимание кон индивидуалните спортови, а посебно младите категории со дирекно помагање во тренажниот процес финансиски помош во опрема, исхрана и сопствена витаминизација, за да може со текот на годините и со правилно вложување во програмата за овие спортисти да се очекуваат резултати кога ќе поминат во фазата на сениори.

Сите овие спортисти ја преставуваат Македонија на интернационалните натпревари и гордо го носат своето триатлон одело со националните бои, значи се деца во кои треба да веруваме и ги помогнеме за да постигнат уште подобри резултати. Спонзорите се секогаш добродојдени да им помогнат на спортистите во самите клубовите директно на триатлонците. Тоа е нашата идеја за развој на Триатлонот како Олимписки спорт".

Најново во Други спортови