„ПЕКОЛНО“ ПОЛУФИНАЛЕ НА ВИМБЛДОН

КЛАСИКА ПО 52. ПАТ: Надал закажа дуел со Ѓоковиќ! (Видео)

Шпанскиот тенисер се наоѓа на два чекори од нов трофеј на Грен слем турнирот.

објавено: 11 јули 2018 - 22:16

Рафаел Надал денеска со резултат 3:2 по сетови 7:5, 6:7, 4:6, 6:4, 6:4) во полуфиналето го елиминираше Хуан Мартин дел Потро.

После скоро пет часа Рафа го совлада Аргенинецот кој исто така имаше свои шанси во овој мега-дуел на „Вимблдон".

За пласман во финалето вториот носител ќе ги одмери силите против Србинот Новак Ѓоковиќ кој претходно со 3:1 го исфрли Нишикори.

Во второто полуфинале сензацијата Андерсон кој пак беше подобар од Федерер ќе игра против Американецот Изнер.

Кај жените полуфиналните двојки се Остапенко (Летонија)-Кербер (Германија) и Гергес (Германија)-С. Вилијамс (САД).

Најново во Други спортови