КОГА ВЕЌЕ ИМА СТОТИНА ТАКВИ ДОМА...

Каков шмекер е Рони: И го подари пехарот на едно девојче во публиката (ВИДЕО)

Легендарниот снукер играч ги воодушеви сите после триумфот на Мастерс турнирот во Шангај против Бери Хокинс (11:9)...

објавено: 18 септември 2018 - 11:30

Новата сезона во снукер Рони ОСаливен ја започна на еден брилијантен начин. Стигна до уште еден пехар во низа, а притоа направи нешто несекојдневно. Петкратниот светски шампион, кој за триумфот во Шангај инкасираше 200.000 фунти, победничкиот пехар и го подари на едно девојче од публиката!!!

„Драги навивачи, оваа недела беше потполно воодушевувачка. Благодарам на сите за подршката, презадоволен сум поради победата"- напиша Рони на Инстаграм.

ОСаливен најде „оправдување" за потегот во Шангај.

„Имам толку многу трофеи дома, можеби околу стотина. Првиот освоен беше навистина посебен за мене. Но кога ги имате во толкав број вие повеќе не мислите на нив. Само ги паметите оние искуства од натпреварите. И го подарив трофејот на девојката за да го однесе дома како би ја потсетил на овој снукер-меч"- заклучи неверојтниот Англичанец, кој по овој турнир во Шангај, стана првот снукер играч со заработка поголема од десет милиони фунти.

Најново во Други спортови