НА ПАЦИФИК ШАМПИОНАТОТ ВО КАЛИФОРНИЈА

Има 10 години и се вика „Супермен“: Урнат рекорд на Фелпс! (ВИДЕО)

Кларк Кент Апуада или ако сакате малиот „Супермен" приреди големо изненадување во светот на пливањето

објавено: 3 август 2018 - 08:00

На 100. метри пеперутка имаше време од една минута 9,38 секунди на Пацифик шампионатот во Калифорнија и на тој начин го надмина рекордот од 1995. година кој беше во сопствеништво на Американецот Мајкл Фелпс освојувачот на дури 28 олимписки медали.

Новиот шампион за својот успех скромно рече:

„Сакам да пливам, бидејќи околу мене има луѓе кои ме поддржуваат. Моите тренери се секогаш со мене, како и моите родители".

Најново во Други спортови