СО НОРМА ЗА НАСТАП НА МЛАДИНСКАТА ОЛИМПИЈАДА

ГОРДОСТА НА „БЕТА“: Јаневска се враќа со златен медал од Израел!

Изминатата недела свој меѓународен настап имаше нашата пливачка Ана Јаневска која освои злато и собори државен рекорд.

објавено: 1 август 2018 - 12:45

Македонската натпреварувачка на отвореното првенство во Нетанија, Израел имаше успешен настап.

Златен медал во дисциплината 50 метри делфин каде и постави нов државен рекорд со време 28,94 што беше доволно да ја оствари нормата за настап на Младинската олимпијада во Буенос Аирес.

Воедно таа го освои второто место во дисциплината 50 метри слободно и трето место на 100 метри делфин.

 

Најново во Други спортови