АТП ЛИСТА

Ѓоковиќ официјално во Топ 10 после „Вимблдон“

Српскиот тенисер од денеска официјално е повторно во Топ 10 на АТП листата откако четврти пати во кариерата го освои „Вимблдон".

објавено: 16 јули 2018 - 10:22

Новак Ѓоковиќ се враќа после неполни девет месеци благодарение на скокот од дури 11. позиции, па сега има 3.355 илјади поени.

Финалистот на последниот Грен слем турнир, Јужноафриканецот Кевин Андерсон стигна од осмото до одличното петто место.

Во женска конкуренција води Романката Симона Халеп (7.571 поен), пред Каролина Возњацки (Данска, 6.740) и Американката Слоан Стивенс (5.463).

ТОП 10 АТП ЛИСТА:

1. (1) Рафаел Надал (Шпанија) 9.310 поени
2. (2) Роџер Федерер (Швајцарија) 7.080
3. (3) Александар Зверев (Германија) 5.665
4. (4) Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 5.395
5. (8) Кевин Андерсон (Јужна Африка) 4.655
6. (6) Григор Димитров (Бугарија) 4.610
7. (5) Марин Чилиќ (Хрватска) 3.905
8. (10) Џон Иснер (САД) 3.720
9. (7) Доминик Тим (Австрија) 3.664
10. (21.) Новак Ѓоковиќ 3.355

Најново во Други спортови