МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ, ТАЕКВОНДО

Георгиевски со пресврт до полуфинале во Тарагона

Денеска втора борба, нова победа за македонскиот натпреварувач во таеквондо на Медитеранските игри.

објавено: 28 јуни 2018 - 13:02

Откако на стартот европскиот шампион со 24:13 го совлада Матео Милани од Италија, Дејан Георгиевски во четвртфиналето во еден неизвесен меч со 30:28 беше подобар од Иван Конрад Трајковиќ.

Во категоријата над 80кг. најпрвин противникот од Словенија ги доби првите две рунди со 6:4 и 12:11, но во следните две следуваше пресврт кој ги доби нашиот борец со 13:10 и 2:0.

После регуларните 28:28, со златен поен славеше Георгиевски над третопласираниот во светот.

Георгиевски одново е во борба за медали на големо натпреварување, за пласман во големото финале ќе игра против Јоан Александр Мианг (Франција) кој минимално со 6:5 беше подобар од Драшко Јованов (Србија).

Најново во Други спортови