ПЛИВАЧИТЕ ОД УНГАРИЈА И СРБИЈА НАЈБРЗИ НА ЦЕЛТА

Галич и Јецански триумфираа на Олимпискиот маратон во Охрид

На патеката долга 10 километри „Охрид 2018" се организираше Интернационалниот Олимписки маратон што се одржа во водите на Охридското езеро.

објавено: 12 август 2018 - 11:02

Клубот на водни спортови „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008" од Охрид го најави претходно овој голем настан во нашата земја.

Почетокот на маратонот беше закажан од 12:00 часот, а по пристигнувањето на натпреварувачите следуваше церемонија на доделување на наградите.

Првопласиран кај мажите беше Петар Галич од Унгарија со резултат 02:02.47 часа, втор беше Мартин Штрака од Чешка (02:11.29), а трет Србинот Борислав Фермановиќ (02.22.17).

Најдобропласиран Македонец беше Андреј Стојаноски на четвртата позиција (2:29.51). Во женска конкуренција доминираше Јована Јецански од Србија (02:36.41 ч.)

Ова беше второ издание на 10. километри на овој маратон во Охрид, но со помалку натпреварувачи.

Судиите и делегатите од Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) беа присутни за регуларноста за сето тоа што е направено во согласност со соодветните правила и упатства за 10-километарскиот пливачки маратон како олимписка дисциплина.

Најново во Други спортови