НА ПРВЕНСТВОТО ВО НИКШИЌ

Атанасова балканска шампионка во џудо

Серијата на успешни настапи на македонските џудисти на балканските шампионати ја продолжија и пионерите Борјана Поп Атанасова и Лилјана Недановска.

објавено: 10 јули 2018 - 08:30

На првенството во Никшиќ, Црна Гора, Поп Атанасова на доминантен начин стигна до шампионската титула во категоријата +63 килограми.

Недановска, пак, немаше среќа во финалната борба во категоријата до 57 килограми, па мораше да се задоволи со сребрен медал.

Со македонските репрезентативци во Никшиќ е и претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Зегљуљ Реџепи.

Најново во Други спортови