на медитеранските игри во тарагона

Дејан Митров се избори за бронзата

Во мечот за медал, Митров со 3:1 славеше над Мохамед Будра од Алжир

објавено: 26 јуни 2018 - 20:37

Македонскиот борач Дејан Митров се закити со бронзениот медал на Медитеранските Игри во Тарагона. Во еден исцрпувачки меч, Митров по голема борба успеа со 3:1 на поени да го победи Мохамед Будра од Алжир и да се израдува на заслужениот медал.

Најново во Други спортови