РЕКОРДОТ ВО СКОК ВО ВИСОЧИНА ГО ДРЖИ ОВОЈ КУБАНЕЦ

Ова е човекот кој го изведе највисокиот скок

Поминаа 25 години од светскиот рекорд на Хавиер Сотомајор 

објавено: 30 јули 2018 - 21:20

Кубанецот Хавиер Сотомајор пред речиси точно 25 години, на 27 јули 1993 година во Саламанка, Шпанија, прескокна 2,45 метри, и тоа уште е светски рекорд во скок во височина. Сотомајор светскиот рекорд го постави од втор обид. Тој ден во Саламанка му беше погоден, претходните висини ги прескокнуваше од прв обид, а овие 245 сантиметри, кои се најмногу што еден човек ги има пресконато со своите нозе, ги прескокна од втор обид. Крајот на јули беше периодот во кој во 1989 година постави светски рекорд од 2,44, а првиот светски рекорд, од 2,43, го постави истотака во Саламанка. 

„Мило ми е што светскиот рекорд го поставив во мал град. Таму се чувствував како дома во Куба. Луѓето ме препознаваа на улица и ме прашуваа како сум, деца трчаа околу мене. Во одлична форма бев, мислам дека можев да прескокнам и 2,46. Можеби 2,47 не, но 2,46 мислам дека можев. Една недела претходно имав 2.40 во Лондон, и таму можев да поставам светски рекорд, но почна да врне и тоа ми попречи“ - се присетува Сотомајор кој сега има 50 години. 

Сотомајор смета дека најдобри скокачи во оваа атлетска дисциплина се Катарецот Баршим и Украинецот Бондаренко. 

Ова е историскиот скок на Сотомајор кој стои како светски рекорд веќе четвртина век:

 

Најново во Други спортови