На СП во атлетика

Пандев „истрча“ на 36-тото место на 60 метри во сала

објавено: 7 март 2014 - 19:52

Струмичанецот Ристе Пандев, нашиот единствен претставник на СП во атлетика во сала што се одржува во полскиот град Сопот го освои 36 место во конкуренција на 44 атлетичари на трката на 60 метри. Тој во својата група во квалификациите го освои претпоследното место, a на крајот имаше вкупно 36-то време (7,00 секунди) од вкупно 44 натпреварувачи.

Пандев имаше за 14 стотинки послабо време од неговото најдобро постигнување во кариерата.

Нашиот атлетичар настапи во шестата квалификациска група и настапот го заврши на седмата позиција и беше подобар само од Фареса Каписи од Американска Самоа (7,14 сек), а првото место му припадна на Британецот, Двејн Чемберс (6,57 сек).

Најново во Други спортови