КАКО ШТО ИНФОРМИРААТ ОД АТЛЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Македонија домаќин на Европското првенство 2019

ЕАА – Европската Атлетска асоциација на Атлетската федерација на Македонија и укажа голема чест и задоволство да биде организатор на досега најголем атлетски настан кој се има одржано во нашата земја.

објавено: 31 август 2018 - 08:30

Македонија ќе ја има таа чест да го организра Европско тимско првенство (3 лига), кое ќе се одржи на 10. и 11. Август 2019 година во Скопје – на Националната Арена „Филип Втори" - Скопје.

Предвидено е учество да земат приближно 300 атлетичари и 100 официјални лица од 12 европски држави и тоа:

Азерберџан, Исланд, Албанија, Молдавија, Андора, Грузија, Малта, Арменија, Косово, Црна Гора, асоциаjaција на мали земји на Европа како и домакинот Македонија во 40 дисциплини во машка и женска конкуренција.

Најново во Други спортови