ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

Кениска доминација на маратонот во Охрид, Поп Арсова второпласирана

Денеска во Охрид беше организиран 32. меѓународен атлетски маратон. 30 километарската патека во машка и женска конкуренција први ја поминаа натпреварувачите од Кенија, Марк Кипчумба и Сузан Мутони.

објавено: 8 септември 2018 - 17:20

Најдобриот во машката конкуренција патеката ја мина за 1 час, 42 минути и 44 секунди, додека најдобрата во женска конкуренција ја мина за 2 часа, 8 минути и 19 секунди.

Сребрениот медал во машка конкуренција му припадна на Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет финишираше Илир Рудани од Косово (1.51.10).

Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија заврши на втората позиција со време (2.09.13), а третопласирана Сања Најдовски (2.35.35). Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кирацоски.

Повторно и оваа година, во рамки на маратонот се одржа и пет километарската трка – трка на Независноста.

Прв низ целта во машка конкуренција мина Григоријан Никовски со време од 18 минути и 1 секунда, а во женска Ања Еклер со време 21 минута и 16 секунди. Медалите на најдобрите им ги врачи градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Најново во Други спортови