НАЈДОБРИОТ АТЛЕТИЧАР СЕ СООЧИ СО ПРОБЛЕМ

Ивановски: Ми ја затворија вратата пред нос, како да трчам за Македонија, се е поважно од резултатот

Дарио Ивановски, најдобриот македонски атлетичар утрово се соочи со голем проблем. Вработените на Арената „Филип Втори“ не доволија да го одржи денешниот тренинг, револтиран од ваквото однесување тој се огласи на својот „Фејсбук“ профил.

Иако на нашиот најголем стадион денеска ќе се одигра реванш мечот меѓу Шкупи и Ренџерс во Лига Европа, не би требало да биде проблем за Ивановски да го одржи тренингот, бидејќи тој секојдневно се подготвува на овој спортски објект. Тој минатиот месец на Медитеранските игри во Тарагона постави нов државен рекорд на 1.500 метри (1:47.13).

објавено: 17 јули 2018 - 09:00

Најново во Други спортови