КАКВА ХРАБРОСТ, ЖЕЛБА И СИЛА КАЈ БЕЛОРУСКАТА АТЛЕТИЧАРКА

И пукнаа капиларите на носот, потече и крв, но стана европски шампион во маратон! (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е видена во Берлин на Европското првенство во атлетика.

објавено: 12 август 2018 - 21:30

Белоруската атлетичарка, Волха Мазуронак го освои златниот медал во маратонската трка со време од 2:22.26 часа.
Меѓутоа, за време на трката и се случи еден голем проблем. И пукнаа капиларите во носото, а после тоа потече и крв. И иако нејзиното лице во едне момент беше прекриено со доста крвна течност, таа сепак продолжи да трча, и на крајот да оствари победа за сите времиња.

Стана европска шампионка во најтешката атлетска дисциплина - маратонот

Најново во Други спортови