КНИГАТА СПАДНА НА ДВЕ БУКВИ...

Дрита Ислами и Дарио Ивановски ќе ја претставуваат македонската атлетика на ЕП во Берлин

Македонија на Европското првенство во атлетика, што се одржува во Берлин од седми до 12 август, ќе ја преставуваат само двајца натпреварувачи - Дрита Ислами и Дарио Ивановски.

објавено: 3 август 2018 - 21:00

Ислами ќе трча во дисциплината 400 метри со пречки, а ќе настапи на 7.август во утринската програма. Нејзин најдобриот резултат на оваа делница е 59.33 секунди од јуни минатата година.

Дарио Ивановски ќе се натпреварува во дисциплината 1.500 метри, а неговиот квалификациски настап е на 8. август. Најдобар негов резултат на оваа делница е 3:47.13 минути.

Игор Јакимовски ќе биде официјално лице и тренер на македонската репрезентација.

 

Најново во Други спортови