Потврдена казната за олимписката вицешампионка

4 години суспензија за „сребрената“ Абакумова

Арбитражниот суд во Лозана ја одби жалбата, што значи дека Русинката од 2016 година веќе е под суспензија.

објавено: 5 септември 2018 - 18:10

32-годишната руска атлетичарка Марија Абакумова доби суспензија во времетраење од четири години поради позитивните допинг тестови во 2008 и 2011 година. како што објави независниот орган за проверка на допинг случаите во светската атлетика, освен суспензијата Абакумова ќе остане и без сите свои постигнати резултати во периодот од 21 август 2008 до 20 август 2012 година.

Суспензијата за руската фрлачка на копје ќе се мери од 18 мај 2016 година. Инаку, Абакумова на Летните олимписки игри во пекинг го освои сребрениот медал, додека на светското атлетско првенство во Даегу беше носител на златниот медал. Подоцна ИОК ги избриша нејзините постигнувања и и ги одзема медалите.

Абакумова ја оспори казната пред Спортскиот арбитражен суд во Лозана, но нејзината жалба беше одбиена.

Најново во Други спортови