РУСКИОТ „ЅВЕР“ ДОБИ НОВА ИНТЕРЕСНА ПОНУДА

АПСОЛУТНА СЕНЗАЦИЈА: Познат рапер на Хабиб му нуди 2 милиони долари за борба!

Хабиб Нурмагомедов минатата недела на еден одличен начин ја одбрани титулата во лесна категорија на УФЦ229 во Лас Вегас.

објавено: 13 октомври 2018 - 17:41

Русинот го понижи Конор Мекгрегор во октагонот, а потоа физички се пресмета со спаринг партнерот на Ирецот после навредите кои ги добиваше пред борбата.

Хабиб се закани дека ќе ја напушти УФЦ ако организацијата одлучи да го суспендира или му го одземе појасот поради настаните што се случија надвор од кафезот.

Нурмагомедов добива понуди од сите страни, на ред дојде и американскиот рапер 50 cent кој што исто така ги следи боречките вештини.

50 cent како помлад беше аматерски боксер, дури и промовираше боксерски мечеви, а денеска е бренд амбасадр на конкурентната организација на УФЦ, Bellator".

„Мислам дека ова е погрешно што УФЦ му го прави на Хабиб. Во кеш ќе му платам уште вечерва на Хабиб ако се бори за мене во Белатор", се огласи американскиот рапер на Инстаграм, а Дагестанецот му одговори: „Само испрати ми ја локацијата".

Најново во Други спортови