ДЕТАЛИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО СЛАВОНСКИ БРОД

Застанало срцето на младиот хрватски кик-боксер

На Филип Матковиќ, млад кик-боксер од Славонски Брод, кој почина во саботата навечер после мечот на турнирот во Оџак, му откажало срцето, пишува во резултатите од прелиминарната обдукција која е направена во хрватскиот град.

објавено: 10 септември 2018 - 21:35

На младиот борец му се слошило за време на меѓународниот турнир. Филип наводно побарал прекин на сред мечот, жалејќи се на мачнина, а неговиот тренер веднаш ја предал борбата.

Побарана е лекарска помош, а Матковиќ ја загубил свеста поради што бил итно префрлен во блиската амбуланта, а потоа и во Славонски брод, каде за жал, починал.
Во прв момент се сомневало дека Матковиќ починал од последницие на ударот во лајт-контакт борбата. Но неговитот тренер рекол дека немало никакви удари кои би можеле да имаат, да донесат такви последици.
Несреќното момче имало и уредно лекарско уверение дека може да се занимава со спорт.

 

Најново во Другата страна на спортот