МЕДИУМСКИ АТАК КОН СПОРТСКИТЕ ЅВЕЗДИ НА МАЛАТА ДРЖАВА

ВРИЕ И ВО СЛОВЕНИЈА: Дончиќ и Облак нема да играат

Лука Дончиќ, кој оваа година од мадридски Реал премина во НБА лигашот Далас Маверикс, како трет пик на драфтот, ја одби поканата за настап во националниот тим на Словенија за претстојните натпревари од квалификациите за Светскиот Куп. А слична е и приказната со голманот на мадридски Атлетико Јан Облак, кој сеуште не потврдил дека ќе му се стави на располагање на селекторот Томаж Кавчич.

објавено: 1 септември 2018 - 11:00

Лука Дончиќ, кој оваа година од мадридски Реал премина во НБА лигашот Далас Маверикс, како трет пик на драфтот, ја одби поканата за настап во националниот тим на Словенија за претстојните натпревари од квалификациите за Светскиот Куп.
А слична е и приказната со голманот на мадридски Атлетико Јан Облак, кој сеуште не потврдил дека ќе му се стави на располагање на селекторот Томаж Кавчич.
А тоа, медиумите во оваа земја веќе го преквалификуваа од аспект на приврзаноста кон државата во која се родени и во која ги започнаа своите кариери.
Иако лани за прв пат во историјата Словенија го освои Евробаскетот, во оваа има мали, скоро никакви шанси да се пласира на Мундобаскетот во Кина, а во медиумите се наведуваа различни причини за отказ на Дончиќ, но и некои други од златната генерација, пишува во коментар, љубљански „Дневник".

Врвните спортски професионалци и нивните клубови кои сакаат да ги заштитат, пред се нивната висока инвестиција, може да се разбере. Но прашање е дали спортските ѕвезди на тој начин го покажуваат својот однос кон татковината која им овозможила пат кон ѕвездите, пишува тој весник.
Селекторот Томаж Кавчич, во средата го објави списокот на играчи со кои фудбалска Словенија ќе ги одигра своите први две средби во новоформираната Лига на Нации против Бугарија и Кипар.
И потврди ека голманот на Атлетико не одговара на неговите повици, и дека нема ама баш никаков контакт. Тоа не му успеало ниту на претседателот на словенечката федерација, Раденко Мијатовиќ
Службено, станува збор за повреда на рамото, па потврдата дојде директно од клубот во кој Облак тренира и игра. Па медиумите претпоставуваат дека станува збор за судир со селекторот.
Односно дека Облак е нервозен и незаинтересиран да дојде дома само затоа што Кавчич не му ја додели капитенската лента која отишла на раката на Бојан Јокиќ (игра во Русија)
Но Кавчич таквите алузии ги нарекол „нагаѓања", макар што Облак сеуште нема запишано настап за Словенија, ниту пак се појавил на тренинзите откако репрезентацијата ја превзема Кавчич.

Најново во Другата страна на спортот