ВО ПОБЕДАТА НА ТРИЧКОВСКИ И АЕК ЛАРНАКА

Вознемирувачки сцени од Грац: Настрада главата на судијата! (Видео)

Како што објавивме претходно во 81. минута од дуелот во 3. претколо на ЛЕ меѓу Штурм и АЕК Ларнака дојде до официјален прекин.

објавено: 9 август 2018 - 22:24

Причина за прекинот во Грац (Австрија) беше моментот кога еден од помошниците на главниот судија беше во 78. мин. погоден со лименка пиво.

Крв на главата, немили сцени кој никој не ги посакува на фудбалските терени и воопшто спортските. Да додадеме уште дека мечот продолжи, го доживеа својот крај, а кипарскиот клуб на АЕК Ларнака триумфираше со 0:2 и е многу блиску до пласманот во плеј-офот на Лига Европа.

Внимание: Сцените се вознемирувачки, и не се за луѓе со „слабо срце"...

Најново во Другата страна на спортот