ПОРТУГАЛЕЦОТ ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ ЗАРАБОТУВАЧКА НА СИТЕ

Веќе на големо се продава тоалетна хартија со ликот на Роналдо

Вистинско лудило владее во Италија по трансферот на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус. 

објавено: 19 јули 2018 - 17:00

На доаѓањето на Кристијано Роналдо не останаа имуни ниту во градот на еден од најголемите ривали на Јувентус во последните неколку сезони, Наполи.

Продавниците доаѓањето на португалскиот фудбалер го гледаат низ призмата на пари, па ликот на Роналдо во дресот на Јувентус го ставија на тоалетна хартија.

Но ова не е ништо чудно бидејќи во овој град веќе долго време се продава тоалетна хартија со грбот на Јувентус, Баерн Минхен, Челзи, Торино...Но, Роналдо дефинитивно ќе им донесе заработувачка.

 

Најново во Другата страна на спортот