ПРОДОЛЖУВА СО ШОУТО

Вида заврши во свињарник (Фото)

Од зелените терени на Мундијалот во Русија, заврши во калта кај свињите

објавено: 20 јули 2018 - 18:15

Домагој Вида беше еден од најекспонираните хрватски фудбалери за време на Светското првенство во Русија. Во величествениот дочек во Загреб, тој со часови стоеше на кровот на автобусот и го вееше хрватското знаме. 

По централната прослава, сите играчи заминаа во родните места, каде имаа уште еден дочек од најблиските. Вида замина во Долни Михољац, каде во негова чест беше испечен вол од 500 килограми.

Потоа Вида реши да продолжи со активности, но не на зелениот терен, туку во свињарник. Со пченка во рацете, тој влезе во свињарник и ги нахрани свињите. 

Најново во Другата страна на спортот