„ЕКОНОМСКИ ПОТЕЗИ"

ТУРСКИ ФУДБАЛСКИ БИЗНИС: Клубот продаде 18 фудбалери, и купи 10 кози!?

„Работевме во интерес на клубот, и придонесовме на развојот на економијата во државата"- велат од турскиот нисколигаш

објавено: 18 август 2018 - 15:48

Турскиот фидбалски клуб Гулспор, кој игра во една од ниските лиги во таа земја, во изминатиот период продаде дури 18 играчи од младинската екипа, и тоа со една цел.

За да можат да купат десет кози!?
Како што пренесува ТАС С, од продажбата на фудбалерите, клубот заработил 2.500 долари, а за тие пари купиле десет кози од кои заработката во иднина би можела да биде 830 долари, и тоа, како што се наведува во ова неверојатна сторија, само од продажба на млекото.
Претседателот на овој клуб, извесен Кенан Бујуклеблеб, изјавил дека овој потег е направен поради лошата финасиска состојба во која влегол Гулспор.

„Ќе имаме повеќе приходи. Работевме во интерес на тимот, а исто така, придонесовме во економскиот развој на државата" – кажа првиот човек на овој клуб, кој и на овој начин дојде во центарот на медиумското внимание во Турција.

Најново во Другата страна на спортот