ДРОГАТА НЕ ОСТАВИ НИШТО УБАВО КАЈ НЕА

ТРАГИЧНА СУДБИНА: На што личи некогашната љубовница на Тајгер Вудс (ВИДЕО)

Го продавала своето тело за хероин. Била скоро мртва кога ја пронашол „ловец на глави"...

објавено: 15 ноември 2018 - 20:00

Џеси Џангерс, поранешната љубовница на славниот голфер Тајгер Вудс, спасена е во една драматична акција која ја организирла едне „ловец на глави".

И тоа во една „дупка" полна со дрога, во која на високопозиционирани работни луѓе им пружала сексуални услуги како замена за дрога (хероин и спид), пренесува „Дејли Мејл".

Поранешната стриптизета е пронајдена во една очајна состојба. Комплетно бледа и исцрпена. Откако била фатена, веднаш е предадена на полицијата.

Кога ја пронашол Џеси, Даун Ли Чепмен трагал по еден бегалец кој имал голем долг во една банка.

„Имаше едвај 40.килограми, па едвај и ги ставивме лисиците на рацете, беа и премнгу тенки. Да не ја најдевме, за некоја недела ќе беше мртва, Тие луѓе ја држеа во куќата каде пружала сексуални услуги во замена за дрога. Рекла дека освен во таа, работела и во други пет куќи"- открива популарниот „Дог".

Меѓу клиентите имало и доста познати личности.

„Рече дека сите сакале да бидат со неа затоа што порано му била љубовница на Тајгер... Почнале да и даваат дрога и станала наркоманка"- дополни Чепмен.

За потсетување, Џангерс ја стекна славата пред девет години кога се дозна дека од Тајгер Вудс земала 125.000 долари за да не зборува за нивната афера. Подоцна пак се дозна и тоа дека голферот имал афери со уште 120 други жени.

 

 

Најново во Другата страна на спортот