ЗА НАС, НО И ЗА МНОГУ ДРУГИ ВО СВЕТОТ ОВА Е НЕЗАМИСЛИВО

ТОА Е КУЛТУРА: Jапонците и Сенегалците сами си го собираат ѓубрето од трибините (Видео)

Јапонските навивачи вчера се радуваа на победа во дуелот против Колумбија, но не заборавија на нивната култура и не сакаа да го остават валкан делот од трибините каде што тие беа сместени. Ист беше и случајот со Селегалците кои се радуваа на триумф против Полска

објавено: 20 јуни 2018 - 08:00

Јапонските навивачи вчера се радуваа на победа во дуелот против Колумбија, но не заборавија на нивната култура и не сакаа да го остават валкан делот од трибините каде што тие беа сместени. Незамисливо за најголем дел од гледачите кои одат на спортски натпревари е тоа што го направија Јапонците. 

Освен што беа подготвени на трибините со знамиња и останати реквизити да ги бодрат своите миленици, по завршување на средбата против Колумбија, тие извадија големи кеси во кои започнаа да го собираат ѓубрето кое го направија на трибините.

Истото што го направија Јапонците, неколку часа подоцна го повторија фановите на Сенегал. Дури и резултатот на теренот беше ист. Сенегал победи со 2:1 против Полска, а африканските навивачи покажаа култура на која многумина може да подзавидат. 

Најново во Другата страна на спортот