НА ТОП 10 ЛИСТАТА СПОРЕД „ФОРБС“ ИМА ДУРИ ОСУМ ТЕНИСЕРКИ

ТЕНИСЕРКИТЕ ДОМИНИРААТ: Кои се најплатените спортистки во светот?

Американската тенисерка Серена Вилијамс е најплатена спортистка во светот, објави „Форбс". Во последните 12 месеци таа заработи 18 милиони долари.

објавено: 24 август 2018 - 15:45

Поранешната најдобра тенисерка на светот, С. Вилијамс која неодамна стана и мајка, поголемиот дел од парите ги заработи надвор од терените, додека во тој период од играње тенис заработи вкупно 62.000 долари.

Има договори со „Најк", „Интел", „Гаторејд", „Битс",„Линколн"...Само од тениските награди во кариерата заработила 86 милиони долари.

Во тенисот повеќе од неа заработуваат само Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

-ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ СПОРТИСТКИ НА СВЕТОТ СПОРЕД „ФОРБС"-

тенис, Серена Вилијамс (18 милиони долари)
тенис, Каролин Возњацки (13 милиони долари)
тенис, Слоан Стивенс (11.2 милиони долари)
тенис, Гарбиње Мугуруза (11. милиони долари)
тенис, Марија Шарапова (10.5 милиони долари)

тенис, Венус Вилијамс (10.2 милиони долари)
бадминтон, П.В. Синду (8.5 милиони долари)
тенис, Симона Халеп (7.7 милиони долари)
автомобилизам, Даника Патрик (7.5 милиони долари)
тенис, Ангелик Кербер (7 милиони долари)

Најново во Другата страна на спортот