ДЕТСКИТЕ ИГРИ СЕ БЕЗ „ГРАНИЦИ“

Татковците им се големи ривали, но тие си одат заедно на роденден

Наследниците на славните тенисери Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се дружеа на една роденденска прослава во Њујорк.

објавено: 18 септември 2018 - 16:30

Наследниците на славните тенисери Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се дружеа на една роденденска прослава во Њујорк.

Тенискиот тренер Џастин Гимелстоб организираше забава за децата по повод петтиот роденден на својот син Брендон.

Интересно е што на роденденската журка беа наследниците на големите тениски имиња, поточно четирите деца на Федерер, близначките Шарлин Рива и Мајла Роуз, и близнаците Лени и Лео, како и синот на Новак, Стефан Ѓоковиќ
Судејќи според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, децата се зближиле и сјајно се забавувале.

Најново во Другата страна на спортот