ТОА Е ПОСИЛНО ОД БИЛО КОЈ „ЗАКОН"

ТАТКО НА ГОДИНАТА: Го турна син му за да не прими гол! (ВИДЕО)

Една снимка од натпревар во младинските лиги на Англија стана вистински хит на социјалните мрежи...

објавено: 9 ноември 2018 - 10:30

Еден родител, би се рекло, веќе вообичаено, будно го следеше мечот на својот син, кој инаку беше еден од голманите во двете екипи.

И кога виде дека неговиот наследник ќе прими погодок, пријде кон стативата и го турна детето кон топката.
Секако, момчето го „одбрани" ударот, но топката се одби до еден друг противнички играч, и веднаш потоа заврши во мрежата.
Момент кој јасно е, не му се допадна на „таткото на годината", како што беше наречен преку статусите кои се појавија на социјалните мрежи ширум светот.
Најчесто духовити, но имаше и такви кои содржеа „сочни критики"... 

Најново во Другата страна на спортот